| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на хрватски документарни филмови во Кинотека на Македонија

Денови на хрватски документарен филм „Докукроата“ ќе се одржат од денеска до среда во Кинотека на Македонија во Скопје.

– Темите кои ќе ги доближат најновите хрватски документарни филмови ќе бидат повод за дискусија по проекциитенајави организаторот, Заедницата на Хрватите во Македонија.

На првата вечер ќе биде прикажан документарниот филм „Деца на транзицијата“ (20:00), во  режија и сценарио на Матија Вукшиќ.

За утре е најавена проекција на филмовите „Облак“, во режија на Мирослав Сикавица и „Голи“, режиран од Тиха К. Гуда, на последната вечер, филмот „Туризам“ на режисерот Тончи Гачина

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top