Со гласот за нас гласаш за 70 илјади нови работни места, за зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 10,25%, за зголемување на пензиите за најмалку 10,25%, за зголемување на социјалната пошош за најмалку 50%, за зголемување на минималната плата до 14.000 до 2020 година.
Со гласот за нас гласаш за продолжување со изградба на трите нови автопати: Демир Капија – Смоквица, Скопје – Штип и Кичево – Охрид и за обновување на автопатите Смоквица – Гевгелија, Куманово – Скопје, Неготино – Демир Капија, Велес – Градско, за изградба на нови автопати од Скопје до Блаце, и од Требеништа до Струга. Гласаш за 5 нови експресни патишта со 4 ленти, Ранковце – Крива Паланка, Штип – Радовиш, Штип – Кочани, Охрид – Пештани и Битола – Меџитлија и веќе започнатиот експресен пат Градско – Прилеп, за набавка на 3 нови дизел моторни возови, 2 нови електромоторни возови и 3 нови електрични локомотиви, за продолжување на градбата на пругата кон Бугарија и од Битола до Грција.
Гласаш и за набавување на над 3.700 апарати, медицинска опрема од вредност од 33 милиони евра и изградба на новиот Универзитетски клинички центар „Мајка Терез“а и изградба на Клинички центар во Штип.
Гласаш и за рестартирање на стопанските капацитети – жртви на транзицијата, отворање на рурални развојни зони. За 600 милиони евра нови средства за субвенции во земјоделството. За нови реконструкции на стари училишта. Изградба на нови спортски сали, за нови студентски домови и реновирање на старите студентски домови.
И тука во Струмица ќе се реализираат низа проекти меѓу кои: изградба на нов Пливачки базен, две повеќенаменски игралишта, 2 двојни тениски игралишта, 4 кошаркарски игралишта и 1 фитнес зона. Ќе реконструираме 4 училишта и ќе изградиме 3 нови спортски сали, нова специјализирана читална. Ќе отвориме 2 детски градинки како и дневен центар за стари лица.
Ќе ги реконструираме реионалните патишта Струмица – Ново Село, Струмица – Попчево – Белотино – Рич – Конче и регионалниот пат Радовиш – Струмица, како и патиштата до селата Воиславци, Сулдурци и Калуѓерица.
Ќе ги реконструираме патиштата Брана Водоча – Рич, Свидовица М6 – Сачево и Дабиња- Просениково. Ќе изградиме фекална канализација за Добрејци, Дабиле и Просениково.
Ќе ја довршиме изградбата на стариот Театар како и центарот за култура „Антон Панов“.
Ќе ја доградиме општата болница овде во Струмица и ќе набавиме 125 медицински апарати. Ќе го изградиме магистралниот гасовод Штип- Хамзали- Струмица- Гевгелија во вкупна должина од 110 км.
Ќе обезбедиме средства за пречистителна станица за отпадни води со капацитет за 54.000 жители за што ќе се инвестираат околу 7 милиони евра. и многу други проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски