Се наоѓаме во населено место кое е многу блиску до центарот на градот или нецели 300 метри, на улицата „Цветан Димов“. Во ова место живеат голем број на граѓани на Струмица, истакна денес Васил Пишев, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа населба нема канализација, нема асфалт и нема улично осветлување и при секој дожд околните куќи редовно се поплавуваат , а граѓаните трпат огромни матријални штети.. Ова се основни инфраструктурни потреби на секој граѓанин и е срамно што до сега не е направено ништо.
– Колку пати до сега имаат лажено до сега дека ова ќе го направат. Прават уште полошо, се прави насипување на дупките заради зарамување, но тоа дополнително ја влошува ситуацијата. Овие граѓани редовно плаќаат и даноци и комуналии, истакна Пишев при денешната посета на ова населено место.
-Го имате мојот збор, со победата на ВМРО ДПМНЕ на локалните избори во Струмица на првата седница на советот на општина Струмица овој проблем ќе биде веднаш и неодложно решен, изјави Пишев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.