| четврток, 6 декември 2018 |

Раниери ја прифати реалноста, шампионот Лестер треба да се бори за опстанок

klaudio-ranieri

Лестер Сити, актуелниот шампион на Англија вчера го забележа седмиот пораз оваа сезона, откако на гости со 2-1 загуби од еден од најслабите премиерлигашки тимови, Сандерленд.

По овој болен пораз менаџерот на „лисиците“, Клаудио Раниери свесен за ситуацијата во која се наоѓа бранителот на титулата ја прифати тажната вистина и најави борба за опстанок во елитата на англискиот фудбал.

– Ваквите порази се сè почести. Очајно сакаме да освоиме три бода, но никако да дојдиме до нив. Сандерленд беше подобар противник и заслужено нè порази. Сега се наоѓаме во долниот дел од табелата, мораме да останеме сложни и да работиме напорно за да избориме опстанок во лигата – вели Раниери.

За разлика од домашното првенство Лестер Сити забележува одлични резултати во Лигата на шампионите, каде веќе обезбеди осминафинале, но и тоа ќе биде залудно доколку не се подобрат резултатите во Премиер лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top