За неколку часа, на фудбалскиот храм “Ноу Камп”, ќе старува најголемиот дерби натпревар во Примера дивизион, дуелот помеѓу вечните ривали Барселона и Реал (М).
Пресметката помеѓу каталонскиот гигант, кој има шест бода помалку, и “кралскиот клуб”, вреди неверојатни 1,049 милијарди евра.
Тука станува збор за паричната сума која двата тима ја имаат платено за ангажирање на фудбалерите кои моментално ги имаат на располагање Луис Енрике и Зинедин Зидан.
Интересно, но актуелниот европски клупски шампион потрошил значително повеќе пари. За формирање на сегашниот тим се потрошени дури 613,4 милиони евра. Официјално стои дека Кристијано Роналдо е најскап со 94 милиони евра, додека Герет Бејл вреди 91 милиони евра, а за Хамес Родригез беа платени 80 милиони евра. Дури 10 фудбалери на Реал вредат меѓу 20-25 милиони евра.
Инвестииите на каталонскиот гигант се значително помали благодарение на играчите кои произлегоа од нивната школа. Ако Меси е дел од Барселона уште како дете, тогаш останатите двајца напаѓачи вредат „цело богатство”. За Луис Суарез и Неимар се платени вкупно 166,4 милиони евра. Бразилецот е малку поскап, бидејќи за него беа платени 85,4 милиони евра. Зад голгетерите, следуваат четворица играчи кои вредат меѓу 25 и 35 милиони евра, а тоа се Самуел Јумтити, Пако Алкасар, Арда Туран и Андре Гомеш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меси ја проби „кралската“ одбрана (Видео)
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)