| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски: Македонија ќе биде предизвик за сите на ЕП во Полска

makedonija-u21Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски изјави дека Македонија доби силни противници во групната фаза од Европското првенство 2017 за фудбалери до 21 година. „Црвено-жолтите“ се во група со Португалија, Шпанија и Србија.

Сметам дека е многу силна група, но знаеме дека на ова натпреварување нема лоши тимови. Ние сме со Шпанија, Португалија и Србија, првите две репрезентации веќе имаат освоено Европска титула, а оваа генерација на Србија го освои Светскиот куп. Мислам дека сме во можеби најсилната група со многу добри репрезентации, но јас мислам дека ние имаме квалитет за да се надигруваме со сите. Се надевам дека ќе играме исто толку добро како и во квалификациите, истакна Милевски.

Тој додаде дека целта на Македонија е против силните ривали да покаже дека не случајно е дел од европскиот шампионат.

– Нашата цел е да покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека имаме квалитет и потенцијал. Убеден сум дека ќе бидеме предизвик за сите на првенството. Ќе играме добар фудбал, потенцира македонскиот селектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top