| четврток, 6 декември 2018 |

Бундес лига: Баерн (М) најпосле победи

Кога се во прашање денешните натпревари, најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу екипите на Борусија од Дортмунд и Борусија од Менхенгладбах

По пауза од неколку натпревари, фудбалерите на Баерн (М) се вратија на победничката патека и на првата позиција на првенствената табела.

Премиерниот натпревар од 13. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу екипите на Мајнц и Баерн (М), сосема заслужено заврши со убедлив триумф на баварскиот гигант од 3:1.

Најзаслужен за освоените три бода е полскиот интернационалец Роберт Левандовски, кој постигна два погодока, а во листата на стрелци се запиша и холандскиот интернационалец Ариен Робен.

Кога се во прашање денешните натпревари, најголемо внимание ќе привлече пресметката помеѓу екипите на Борусија од Дортмунд и Борусија од Менхенгладбах.

Денеска на програмата: Леверкузен – Фрајбург, Борусија Д. – Борусија М., Хофенхајм – Келн, Вердер – Инголштад, Волфсбург – Херта, Лајпциг – Шалке.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top