Македонската пејачка Елена Велевска како и секој патриот реши дипломатски да ги подобри меѓусоседските односи на Македонија и Бугарија. Како вистински политичар се потруди да ја престави нашата земја најдобро во Бугарија и во соработка со бугарската продукција Пајнер и телевизијата Планета пред бугарите се престави со песна на македонски јазик. Од „Планета“ велат дека ова е првпат изведувач од Македонија да запее на македонски јазик на нивната телевизија.
Нејзината нова песна „Погледни ме за крај“ многу им се допаднала на бугарските ѕвезди Анелиа, Борис Дали, Деси Слава, Галена, Фики и останатите ексклузивци на Пајнер и „Планета“.
Песната е авторско дело на Роберт Билбилов, а текстот е на Огнен Неделковски.
– Деновиве сум се почесто на релација Охрид-Софија,ме поканија да сум дел од новогодишното шоу на телевизијата Планета. Во последно време имав се почести настапи низ Бугарија, публиката одлично ме прифатии баш поради тоа ја добив поканата да сум дел од најгледаното новогодишното шоу. Ме пречекаа како вистинска ѕвезда и ми дадоа шанса да се преставам со песна на македонски јазик. Во неформален разговор со продуцентите ми рекоа дека за прв пат се случува македонски изведувач да е дел од нивно шоу и за прв пат да пее на македонски јазик. „Погледни ме за крај” одлично ја прифатија на прво слушање.Покрај снимањата кои ги имав,бев поканета на промоција на пејачот Фики кој во моментов е еден од најпопуларните во Бугарија.На промоцијата беше кремот на поп фолкот и драго ми е што без никакви предрасуди ме прифатија. Сепак музиката е тука за да ги сруши јазичните бариери и да не сплоти сите овде на Балканот- изјави Велевска.
Таа моментално го подготвува спотот за новата песна и вели дека ќе биде нешто невидено досега од неа. Освен на македонскиот пазар, ќе биде промовиран и на бугарскиот и српскиот и со тоа Елена ќе ја продолжи својата дипломатска работа на балканот- промовирање на убавата македонска музика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.