| четврток, 6 декември 2018 |

Калниете и Сијарто со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вечерва оствари одвоени билатерални средби со потпретседателот на најбројната и највлијателна парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент Сандра Калниете и министерот за надворешни работи на Република Унгарија Питер Сијарто.

gggggg-360x200На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка состојба и за престојните избори.  Груевски посочи дека единствен излез од политичката криза се изборите каде граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата, и дека ВМРО-ДПМНЕ излегува со реална понуда која значи одговор на нивните секојдневни барања.

Груевски укажа дека стратешки интерес остануваат евроатланските интеграции, како и унапредуваннето на животниот стандард на граѓаните. Економијата и отворањето нови работни места остануваат нашиот главен приоритет, истакна Груевски.

mmmm-360x200Соговорниците и министерот за надворешни работи Сијатро и заменик претседателот на пратенициката група во ЕП Калниете изразија подршка на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори. Тие се согласни за крај на политичката криза и дека резултатите од изборите мора да се почитуваат од страна на сите партиципиенти вклучително и од опозицијата. Тие дадоа подршка на евроатланските интеграции и посакаа побрзо зачленување во НАТО и придвижување на разговорите за интеграција во ЕУ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top