Во ЕУ лани имаше нелогична ситуација. Кога се очекуваше од земја која не е членка на ЕУ да ја обезбеди шенген зоната од бегалци кои што влегуваат во ЕУ доаѓајќи од земја членка на Унијата, а потоа минуваат низ земји кои не се членки на ЕУ, а од друга страна ЕУ не е подготвена да почне преговори за членство со Македонија. Тоа едноставно е неприфатливо, рече денеска на прес-конференција во Скопје унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по средбата со неговиот домаќин и колега Никола Попоски.
– Забавно е да се каже Македонија по професија е кандидат, но Македонија пред се е земја која мора да ја почитуваме заедно со македонскиот народ и неговите постигнувања во овој поглед. Затоа како Унгарци ќе инсистираме на почнување на преговорите за членство со ЕУ што е можно поскоро. Знаеме дека има една соседна земја која што сигурно ќе стави вето. Сметам дека билатераните прашања секако треба да се надминат, но не сметам дека тие се соодветен аргумент за да се искористи да се блокира почетокот на преговорите за членство. Затоа бараме од сите пријатели да не стават вето за почеток на преговорите на Македонија, рече Сијарто.
Тој посочи дека Македонија веќе требаше да биде долго време член на НАТО, а преговорите за членство во ЕУ веќе требаше да бидат започнати уште пред повеќе години. Македонија, нагласи, дава значаен придонес во однос на активностите на НАТО, и е една од најзначајните земји учеснички кои не се членки на НАТО и Алијансата треба многу повеќе да го почитува тоа и да го зема предвид.
Во однос на миграциската криза, тој истакна дека дека само делумно е точно тоа дека приливот на мигрантите во Европа е запрен благодарение на договорот меѓу ЕУ и Турција, но вели тоа не е целосната вистина.
– Другиот дел од вистината е дека приливот на бегалци се намали затоа што земјите од Западен Балкан донесоа одлука да ги контролиртаат сопствените граници и да сторат нешто… Во моментот ние се потпираме врз Македонија, затоа што ако почне прилив на бегалци Македонија е првата земја на југот на која што можеме да се потпреме дека ќе ја заштити својата граница, рече Сијарто.
Тој се заблагодари на Македонија за помошта во надминувањето на мигрантската криза и најави дека ќе продолжи унгарската поддршка со полициски службеници во однос на обезбедувањето на јужната граница.
Министерот Сијарто го дели оптимизмот на австрискиот колега Себастијан Курц за скорешно отпочнување на преговорите со Брисел.
За посетата на Македонија за време на изборна кампања Сијарто посочи дека не е спорна бидејќи е вообичаена поддршката на сестринска партија, а слична посета имал и во Србија. Тој најави дека вечер ќе биде и гостин на митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
– Не е грев да се има добри односи со министер за надворешни работи. Една од целите е да остварите добри односи со вашите колеги. Унгарија е тука за да ви даде поддршка, рече Сијарто.
Министерот Попоски, пак, посочи дека главниот успех кој може да се мери за секој политичар, министер, член на Влада е токму содавњето пријатели.
– Ние немаме зијан од повеќе пријатели, имаме зијан од недостаток на пријатели кога треба да се носат одлуки. Сијарто и Курц се мои добри пријатели, Митов и Коѕиас ми се пријатели и со сите нив се обидувам да ја отстранат пречката на патот на Македонија во ЕУ. Тоа го гледам како мисија која мора да ја остварам, рече Попоски.
На средбата Попоски – Сијарто станало збор и за унпаредување на економската соработка, а најавено е отворање и дирекна авионска линија Скопје – Будимпешта во текот на април следната година.
Двајцата миснистри денеска во Скопје ќе засадат дрвца во рамки на акцијата Денот на дрвото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа