| четврток, 6 декември 2018 |

Непознат вирус се шири по болниците, 18 доктори се болни, a најчудно e…

Поради непозната вирусна инфекција од која заболеа 18 лекари во Србија, поточно во болницата во Крушевац, се крена паника не само во Србија, туку и во регионот. Како што објави српскиот „Блиц“, повеќе лекари и медицински сестри имале исти симптоми, температура и исипување, а веќе им се направени крвни анализи и се во карантин.

Најмногу заболени има на одделението за хирургија во болницата. Се смета дека ги заразил 37-годишен пациент што бил хоспитализиран минатата недела.

Сепак, ситуацијата е збунувачка. Лекарот кој прв го прегледал пациентот нема симптоми, како ни возачот што го возел со Итна помош, но затоа сите други лекари и сестри имаат.

– Пациентот дојде со воспаление на белите дробови. Сепак е чудно како сите кои првично имаа контакт со него не се заболени, а сите други се – вели извор. Резултатите наскоро ќе бидат готови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top