Македонската опера и балет денеска го најави одржувањето на грандиозниот спектакл на мраз „Лебедово езеро“.
-Балетскиот спектакл “Лебедово езеро”, во изведба на Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе биде прикажан пред македонската публика. Најпознатото балетско ремек дело од Петар И. Чајковски ќе биде изведено на сцената на Македонската опера и балет на 16-ти декември од 21 00 часот и на 17-ти декември од 22 часот, рече Игор Дурловски, директор на МОБ.
Горан Цветковиќ, раководител на маркетинг во МОБ информираше дека двете претстави биле рекордно брзо распродадени, па била отворена дополнителна претстава на 17-ти декември во 18 часот.
-Државниот балет на мраз од Санкт Петербург е основан во 1967 од страна на светски признатиот кореограф Константин Бојарски. Бојарски бил поранешен солист на познатиот балет „Марински“, а во својата балетска кариера има играно со Михаил Баришњков и Наталија Макарова. Музички директор и коосновач на оваа балетска куќа е Лео Коркин, познат руски диригент, истакна Олга Панго, уметнички раководител на Балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


