Од денеска почна целосна реконструкција на оштетените делови на скопската обиколница од поплавите на 6 август годинава. Градежните работи ги изведува Трансмет, а инвестицијата е 165.172.310 денари на Јавното претпријатие за државни патишта.
Со реконструкцијата се опфатени 1.500 метри вклучувајќи ги и клучката Арачиново и клучката Хиподром. На овој дел од обиколницата од денеска е воведен времен сообраќаен режим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.