| четврток, 6 декември 2018 |

Славица бара помош: Ако не ги земете моите деца од Ејуп, тој е спремен да ги убие

slavica-burmazovic-620x350

– Дојдоа последните моменти, веќе не може да се чека. Ако не ги земете моите деца од Ејуп, тој е способен навистина да ги убие, тоа не се само празни закани. Прашање е на време кога ќе направи голема трагедија, а ако турските власти не реагираат, се плашам дека ќе биде предоцна, вели белграѓанката Славица Бурмазовиќ чиј сопруг, Турчинот Ејуп Јунџу (46) ги грабнал и однел нивните три деца во Турција.

Самиот Ејуп за Информер.рс изјавил дека попрво ќе се запали себеси и децата, отколку да ги врати во Србија кај нивната мајка.

Славица вели дека е сигурна дека тој е во состојба да ја исполни својата закана и дека веќе со месеци физички и психички ги злоставува нивните деца, Ајша (13), Есма (12) и Тарик (6), па дури и го тера неговиот 19-годишен син од првиот брак да ги тепа.

Очајната мајка сега ги моли српските и турските власти да и помогнат, да ги одземат децата од таткото и да и ги вратат на нејзе, затоа што според неа прашање е на време кога ќе направи голема трагедија.

– Последниот пат кога ги видов Ајша ми се жалеше дека ги буди во ноќта и ги тера пред камера да зборуваат лоши работи за мене. Тарик пак беше целиот со модрици. Сега се заканува со најлошто, затоа молам за помош, апелирала Славица до српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top