Можеби задоцни неколку дена, но Луис Хамилтон на крај попушти и испрати честитки до својот клупски колега од Марцедес, Нико Розберг. Британецот ја загуби овогодишната битка, и иако изгледаше незадоволен од крајниот исход, мораше да признае дека оваа година заслужено беше на втората позиција на крајниот пиедестал.
Нетрпението помеѓу двата пилоти се зголеми во последните неколку сезони, но меѓусебната почит е секогаш дел од нивните дуели. Во таков стил беше и пораката на Хамилтон кон Германецот, во која испрати честитка за освоената титула, поставувајќи слика од нивната дружба како деца.
„Рековме тогаш дека еден ден ќе бидеме светски шампиони, сега и двајцата сме! Честитки Нико, направи се што требаше за да станеш шампион. Сосема заслужено“.
Останува прашањето за односот на британскиот пилот со екипата на Мерцедес по меѓусебниот судир по трката во Абу Даби. Се чини дека казната за Хамилтон поради неговото однесување е неминовна, а како тој ќе одговори на истата останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Опожарен мерцедесот на Штерјо Наков