| четврток, 6 декември 2018 |

Семеен масакр: Прво ја убила фамилијата, кучето, па си пресудила себе

Триесет и петгодишната Мартина Р. од малото место Шилберг во Беајмкирхен, Австрија ја убила својата мајка Матилда (59), која боледувала од рак, својот брат Петер (40), кој живеел заедно со нив, како и нејзините три деца Мишел (7), Фабијан (9) и Себастијан (10).

Таа ги убила додека спиеле, секој во својот кревет, пренасува „Танјуг“. Го убила и нивното куче, а на крај си пресудила и самата. Мртвите тела се пронајдени вчера.

Убиствата најверојатно се случиле пред неколку дена, бидејќи децата отсуствувале од училиште, а соседот не видел никој ни да изелзе ни да влезе во куќата, по што повикал полиција.

Мотивите за масакрот не се познати.

Според тамошните медиуми, финансиски проблеми може да се главната причина за убиствата и самоубиството. Тие неодамна се доселиле во градчето, а по купувањето и реновирањето на куќата, таа останала во долг.

Maртина работела на пазар, а колегите ја опишале како повлечена личност.

Таа им забранувала на своите деца да имаат контакт со други луѓе, не им дозволувала ни да се дружат со деца.

Наводно, имала психички проблеми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top