| четврток, 6 декември 2018 |

Сепак не е херој – ова е фаталната грешка на пилотот која доведе до трагедијата

pilot

Пилотот на авионот кој се сруши во понеделникот во Колумбија предупреден е дека нема да има доволно гориво за целиот лет пред полетувањето од аеродромот во Боливија, пренесува БиБиСи, а според изворите, токму пилотот решил да го прескокне планираното дополнување на горивото, бидејќи летот доцнел.

Авионот во кој се наоѓале 77 луѓе, од кои и цел фудбалски тим, требало да дополни гориво во боливискиот град Коби на границата на Перу и Бразил пред да се упати кон својата конечна дестинација, но локалните медиуми пишуваат  дека тоа и не било можно, бидејќи локалниот аеродром во Коби е затворен навачер.

Бразилскиот весник О Глобо, пишува дека поради неможноста да дополни гориво, пилотот на авионот Мигел Кирога решил да го наполни резервоарот на авионот до врв и да тргне директно во Меделин, со што би скратил еден час од патот.

 

Фреди Агусто Бонила, шеф на Одделението за безбедност на авионскиот сообраќајот претходно изјави дека со голема доза на сигурност може да се каже дека при падот на авионот, во него немало доволно гориво, колку што предивидуваат меѓународните правила за сообраќај.

pilot2

Пилотот прво јавил дека има проблем со електрониката, па дури подоцна дека му недостига гориво. Шефот на Управата за цивилен авио сообраќај, Алфредо Боканегра верува дека пилотот дури во последен момент јавил дека му недостига гориво, бидејќи се плашел какви последици тоа може да има за компанијата и за него самиот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top