| четврток, 6 декември 2018 |

Овие луѓе своите мртви деца ги закопуваат во дрвја, еве зошто

Во далечното село Тана Тораџа во Индонезија, локалните жители имаат многу бизарен ритуал за погребување на мртвите бебиња. Место да ги согоруваат или закопуваат нивните тела, тие ги завиткуваат во ткаенина и ги ставаат во внатрешноста на дрвјата за на тој начин да бидат „апсорбирани“ од природата.

drvo2

Народот Тораџа е познат по уникатните погребни ритуали. Починатите возрасни се оставаат во пештери сѐ до годишната прослава Ма`Нене. За време на прославата, роднините на покојниците ги вадат труповите, ги дотеруваат и ги шетаат низ улиците. Од друга страна, бебињата кои ќе умрат пред да почнат да им никнуваат заби ги оставаат да бидат „апсорбирани“ од дрвјата. Резултатот е прекрасен на свој начин, но, исто така, и морничав.

Често погребите во Тана Тораџа знаат да траат со денови. За тоа време се издлабуваат „гробови“ во џиновските стебла. Потоа бебињата се завиткуваат во ткаенина и се оставаат внатре. Отворот се покрива со испреплетени палмини гранки. Понекогаш во едно дрво се оставаат десеттина бебиња.

Иако оваа практика, можеби, ќе се чини морбидна, тоа воопшто не е така во очите на народот Тораџа. За нив претставува најголема чест нивните најсакани души да бидат апсорбирани од природата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top