| четврток, 6 декември 2018 |

Минусни температури и сонце низ Македонија

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе биде значително облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со слаб снег.

Во западните делови ќе дува и умерен до засилен ветер од западен правец, а долж Повардарието слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи од  -8 во Берово, -6 во Лазарополе, Прилеп и Битола, -5 во Скопје Петровец, -4 во Тополчани, Дебар и Демир Капија, -3 во Крива Паланка, Крушево, Маврово, Тетово и Струмица, -2 во Штип, Куманово, Скопје на Зајчев Рид и Охрид, -1 во Ѓуриште, Претор и Гевгелија, 0 во Виница и Пожаране до 3 степени во Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава е ведро со појава на мала до умерена облачност, особено во источните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Дневната ќе достигне до 12-тиот степен.

Во Скопје времето е Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура до 8 степени..

За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува сончево време, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец, а температурите ќе бидат без позначителни промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top