| четврток, 6 декември 2018 |

Осум лица повредени во 12 сообраќајки во Скопје

soobrakajka-1

Осум лица се повредени во 12 сообраќајни несреќи во изминатото денононоќие во Скопје.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала 10 возачи, кои за време на управување на моторните возила користеле мобилен телефон, а седум лица ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани. Санкционирани се и 42 непрописно паркирани возила, а со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 78 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ 11 Октомври“ во општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top