| четврток, 6 декември 2018 |

МВР излезе со соопштение: Пожарот во „Ј.Х. Песталоци“ е подметнат

Попладнево во 16.30 часот во Скопје ул. „Борка Талески“,  во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ избувнал пожар на кровната конструкција, каде по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, пожарот е локализиран, а повредени лица нема.

Опожарен бил само дел од кровната конструкција. Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Скопје. На местото  пронашле дел од изгорена метла, поради што постои сомнение дека пожарот е подметнат и дека е сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top