| четврток, 6 декември 2018 |

На госпоѓа Трамп не и се допаѓа Словенците да заработуваат на неа: Им се закани со тужби!

Изгледа дека Меланија Трамп, сопругата на претседателот на САД не е баш среќна што луѓето од нејзиниот роден крај упорно го користат нејзиното име за да заработат. Имено, на Словенците им било кажано да престанат да го користат ликот и името на госпоѓата Трамп за да продаваат разни производи, пишува „Политико“.

Отако Доналд Трамп беше избран за претседател на САД жителите на нејзината родна Свеница, поточно производителите нејзиното име го ставаат на се живо. Па така се продава мед од „Куќната градина на Меланија“, кој им се нуди на туристите и минувачите.

Но тоа најверојатно нема да биде повеќе пракса бидејќи адвокатите на идната прва дама им се заканиле на жителите на Севница, дека доколку не престанат да го користат името на Мелнија ќе добијат тужби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top