| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Добрите односи со Исток не се алтернатива на врските со Западот

Турција сака да ги одржи на највисоко ниво односите со Русија, Иран, Кина и Јапонија, кои не се алтернатива на контактите со Западот, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави ТАСС.

– Ние не ги сметаме нашите односи со Исток како алтернатива на односите со Запад, токму спротивното, нагласи Ердоган, и додаде дека врските на ТУрција со Исток и Запад се дополнуваат взаемно.

– Тоа се однесува и за Црноморскиот и Средоземноморскиот регион, истакна турскиот претседател.

Дискусијата за зближување на Турција со Истокот како алтернатива на напрегнатите односи со ЕУ започна кон крајот на ноември Ердоган ја спомена можноста Турција да се ориентира кон членството во Шангајската организација за соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top