| четврток, 6 декември 2018 |

Редефинирањето на Македонија почна од Тирана?

Фра­за­та „цел­та ги оправ­ду­ва средс­тва­та“ во СДСМ е за­ме­не­та со „вла­ста ја оправ­ду­ва фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та“. Во овој слу­чај, ду­ри и Ма­ки­ја­ве­ли би се за­цр­ве­нил и за­сра­мил, но не и За­ев, кој не­ма­ше скру­пу­ли ни при оце­на­та за гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот, ни­ту за ви­на­та на сопс­тве­на­та др­жа­ва во кон­сте­ла­ци­ја­та со „до­бри­те“ со­се­ди. Де­фи­ни­тив­но, под­го­твен е на сѐ, а не­го­ви­от све­тол при­мер ги оза­ри и ли­ца­та на Ал­бан­ци­те, кои ед­вај до­че­каа и ја вмет­наа дво­ја­зич­но­ста ка­ко ус­лов за но­ва­та Вла­да. На­стра­на, си­мул­та­но со нај­а­ви­те за фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, во Ти­ра­на на ма­ла вра­та ни за­тро­па Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја. А За­ев во Не­го­ти­но из­ви­ка „Но­сам жи­вот!“ Ше­го­биј­ци­те се пра­шаа да­ли е во бла­же­на со­стој­ба или бре­мен. По­ве­ро­јат­но, ли­де­рот е са­мо сил­но обре­ме­нет од ду­зи­на ан­ти­на­ци­о­нал­ни и ан­ти­др­жав­ни глу­по­сти...

СДСМ ве­ќе две го­ди­ни е во филм во кој цел­та ап­со­лут­но ги оправ­ду­ва средс­тва­та. Да, очиг­ле­ден факт е де­ка пар­ти­ја­та и ли­де­рот се це­лос­но вле­зе­ни во при­ка­ска­та на Ни­ко­ло Ма­ки­ја­ве­ли, а „Вла­де­те­лот“ е суп­сти­тут за За­е­ви­от „Пре­ми­е­рот“.

Ар­но ама, кај на­ши­те опо­зи­ци­о­не­ри, кои го до­жи­ву­ва­ат сво­е­то раз­не­би­ту­вач­ко креш­чен­до, фра­за­та „цел­та ги оправ­ду­ва средс­тва­та“ е за­ме­не­та со „вла­ста ја оправ­ду­ва фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та“. Отво­ра­ње­то на Пан­до­ри­на­та ку­ти­ја, ко­ја и по­крај еви­дент­но­ста на по­ра­зот на СДСМ оди­гра уло­га на ка­та­ли­за­тор што ги раз­бу­ди и отво­ри апе­ти­ти­те на ал­бан­ски­те пар­тии, прет­ста­ву­ва са­мо не­ка­ков врв на его­три­пот за вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, ко­ја и та­ка е не­ло­гич­на на­пра­ви­ја и окси­мо­рон­ска ели­ти­стич­ка ле­ви­ца. По­ра­ди ли­чен бе­не­фит, на­фа­ти­ра­ни­те че­да воз­љу­бе­ни во зго­ле­му­ва­ње на и та­ка го­ле­мо­то се­меј­но бо­гат­ство, глу­мат и ле­ви­ча­ри. Кол­ку да се ра­бо­ти не­што, не­ли, но кај нив не ва­жи „кру­ша под кру­ша“, ту­ку „ми­ни­стер под су­ди­ја па­ѓа…“ Ве­ро­јат­но, ка­ко и мно­гу­па­ти до­се­га, по­втор­но збо­ру­ва­ме за ен­дем­ска опо­зи­ци­ја, единс­тве­на и уни­кат­на твор­ба, ко­ја е под­го­тве­на и да ја раз­не­би­ти и сопс­тве­на­та др­жа­ва, са­мо за да го ис­пол­ни сопс­тве­ни­от сон за моќ, власт, тен­де­ри, ки­рии, ста­но­ви, па­ри… На раз­не­би­ту­ва­ње и по­дел­ба на сопс­тве­на­та на­ци­ја ра­бо­тат по­дол­го од две го­ди­ни и мо­ра да се приз­нае де­ка ова е ед­но од ре­тки­те по­ли­ња ка­де што бе­ле­жат не­ка­ков „ус­пех“, ако мо­же да се на­ре­че та­ка за­кр­ву­ва­ње­то на сопс­тве­ни­от на­род. Мо­же­би, пак, мо­ти­ви­те за бу­де­ње­то на ал­бан­ски­от на­ци­о­на­ли­зам пре­ку јав­но над­да­ва­ње за дво­ја­зич­ност и за фе­де­ра­ли­за­ци­ја, ко­ја се по­драз­би­ра, се са­мо влог во ид­ни­на­та на пар­ти­ја­та, ко­ја е свес­на де­ка и на овие из­бо­ри ќе би­де ка­та­стро­фа­лен гу­бит­ник. Да­ли За­ев, ре­ал­но, игра на рас­по­ло­же­ни­е­то на Ал­бан­ци­те за да пре­диз­ви­ка проб­ле­ми за ВМРО-ДПМНЕ во но­ва­та вла­ди­на ко­а­ли­ци­ја? Ло­ги­ка­та е по­ве­ќе од ед­но­став­на – со­о­чен со не­ми­нов­но­ста на по­ра­зот на 11 де­кем­ври, За­ев и СДСМ ги по­ста­ву­ва­ат ос­но­ви­те за но­ва ет­нич­ка кри­за, про­дукт на нив­ни­те не­ве­ро­јат­ни по­ну­ди за Ал­бан­ци­те, со кои по по­бе­да­та ќе се со­о­чи ток­му ВМРО-ДПМНЕ. Ка­ко и се­ко­гаш, та­ка и се­га, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те не ги ин­те­ре­си­ра ште­та­та што со овие че­ко­ри ѝ ја на­не­су­ва­ат на сопс­тве­на­та др­жа­ва и на­ци­ја. Не, за нив е нај­бит­но не­ко­гаш да се зав­ла­дее и да се ос­тва­ри ели­ти­стич­ки­от комп­лекс, кој по­сто­ја­но ги тур­ка во не­ко­ја но­ва, лу­да аван­ту­ра. Сме­ни­ја име, зна­ме, а по­тоа на­пра­ви­ја и те­ри­то­ри­јал­на по­дел­ба на др­жа­ва­та. Со пос­лед­но­то дејс­тво од 2004 го­ди­на, на­си­ла, со не­ло­гич­но спо­ју­ва­ње на не­ком­па­ти­бил­ни ру­рал­ни сре­ди­ни и оп­шти­ни ја сме­ни­ја ве­ков­на­та ет­нич­ка­та стру­кту­ра на ма­ке­дон­ски­те Стру­га и Ки­че­во. Ба­рем до по­те­гот на СДСМ. Ло­гич­но­то пра­ша­ње е: Ако без срам, пер­де и тро­шка гри­зе­ње на со­ве­ста на са­мо две го­ди­ни од конф­ли­ктот мо­жеа да го сто­рат тоа, зо­што се­га не би спро­ве­ле и дво­ја­зич­ност, фе­де­ра­ли­за­ци­ја и што ли не дру­го? Да, не­кои пра­ша­ња, де­фи­ни­тив­но, не зас­лу­жу­ва­ат од­го­вор. Не за дру­го, ту­ку би­деј­ќи од­го­во­ри­те се по­драз­би­ра­ат…

 

Домино ефектот на глупирањето на СДСМ

„Та­ка збо­ру­ва­ше За­ев“. Ве­ро­јат­но, во фил­мот на ели­ти­стич­ки­те глу­по­сти и се­којд­нев­на­та прет­ста­ва за се­бе со из­вр­те­на, лаж­на иден­ти­фи­ка­ци­ја со су­пер­ма­ке­до­не­цот (по­им што за нив е прес­ла­ба ква­ли­фи­ка­ци­ја по­ра­ди фа­ктот што ма­ке­дон­шти­на­та и не им зна­чи не­што осо­бе­но) ва­ка би гла­се­ла би­о­гра­фи­ја­та за црп­на­ти­от ли­дер, скро­е­на од не­кое од Со­ро­со­ви­те но­ви­нар­ски пер­а. Нав­ле­зе­ни во ло­ши­от филм во кој до­ми­ни­ра ма­ѓеп­са­но­ста од уба­ви­на­та на сопс­тве­но­то, кон­тра, за нив, гр­до­то ли­це на Ма­ке­до­не­цот, За­ев и СДСМ со умис­ла го отво­ри­ја па­тот на го­ле­мо­ал­бан­ски­те коп­не­жи и уто­пии.

До­де­ка во Берн и во Ма­ке­до­ни­ја, ли­де­рот ро­дум од Мур­ти­но из­на­си­ле­но им се дод­во­ру­ва­ше на Ал­бан­ци­те (кои прв­пат ги ви­дел ко­га до­шол да сту­ди­ра во Скоп­је во 1993 го­ди­на), тие по­ве­де­ни од со­нот што тој по­втор­но го раз­бу­ди во нив, бес­по­го­вор­но се на­до­вр­заа на не­го­ва­та не­до­вет­на при­ка­ска. Екс­прес­но, иде­ја­та на За­ев за дво­ја­зич­но­ста или пр­ви­от че­кор кон фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та ги освои ср­ца­та на ал­бан­ски­те пар­тии, па таа ста­на ин­стант ус­лов на ДУИ за ко­а­ли­ци­ра­ње со ид­ни­от парт­нер (ВМРО-ДПМНЕ), но и ос­но­вен дел од про­гра­ма­та на ДПА, Али­јан­са­та за Ал­бан­ци­те, Бе­са и дру­ги­те фа­кто­ри ка­ко Ља­ма­ла­ри и дру­ги­те. Ов­де не збо­ру­ва­ме за „ефе­ктот на пе­пе­ру­га­та“, ту­ку за ефе­ктот на За­ев и на не­го­ви­те акти. Би мо­же­ле и не­ка­ко да ги оправ­да­те (но не и да ги про­сти­те), ко­га би би­ле не­про­мис­ле­ни и сти­хиј­ни, но ов­де сме све­до­ци на на­ви­дум не­по­вр­зан план, кој сво­ја­та до­бра ко­ор­ди­ни­ра­ност и це­ли ги откри­ва со се­кој че­кор. Сме­на­та во СДСМ и из­бо­рот на За­ев, тем­пи­ра­но­ста на не­приз­на­ва­ње­то на из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на, бој­ко­тот, про­те­сти­те, на­ме­сте­ни­те пе­тар­до­ид­ни „бом­би“ во 2015 го­ди­на, фор­ми­ра­ње­то на ве­трот во едра на­ре­чен СЈО, од­ло­жу­ва­ња­та на из­бо­ри­те, стран­ска­та под­др­шка, па сѐ до дво­ја­зич­но­ста и фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та да­ва­ат по­и­на­ква сли­ка од таа сти­хиј­на­та пред ед­на го­ди­на. Це­ло е ко­га има сѐ, а којз­нае ко­ја е це­ло­ви­то­ста на при­ка­ска­та и пла­нот на СДСМ?

analiza222-2

Како „Голема Албанија” затропа на „мала врата” во Тирана?

Тоа „це­ло е ко­га има сѐ“, се­ри­оз­но го сфа­ти­ја ток­му Ал­бан­ци­те во Ти­ра­на, кои по по­вод од­бе­ле­жу­ва­ње на Де­нот на не­за­вис­но­ста на Ал­ба­ни­ја та­му фор­ми­раа Уни­ја на ал­бан­ски оп­шти­ни во ре­ги­о­нот. Оваа ин­ди­ка­тив­на „на­пра­ва“ до­би и ин­стант име – Го­ле­ма Ал­ба­ни­ја на ма­ла вра­та. Во таа т.н. Уни­ја вле­гу­ва­ат гра­до­ви од пет др­жа­ви – Ал­ба­ни­ја, Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Ко­со­во и Цр­на Го­ра. До­го­во­рот го пот­пи­шаа гра­до­на­чал­ни­ци­те на Те­то­во, Ти­ра­на, При­шти­на, Ул­цињ и на Пре­ше­во. Че­ме­ри­ја е во НАТО и ис­чез­на, но ба­рем офи­ци­јал­но, цел­та на до­го­во­рот е ме­ѓу­себ­на со­ра­бо­тка во де­лот на кул­ту­ра­та, ур­ба­низ­мот и на жи­вот­на­та сре­ди­на. Се­пак, поз­на­ва­чи­те на слу­чу­ва­ња­та на Бал­ка­нот стра­ху­ва­ат де­ка чи­нот ќе има мно­гу под­ла­бо­ки пос­ле­ди­ци, ка­ко и де­ка се сов­па­ѓа со прок­ла­ми­ра­ни­те идеи на ли­де­рот на СДСМ. Про­це­ни­те на поз­на­ва­чи­те се де­ка фе­де­ра­ли­за­ци­ја или кан­то­ни­за­ци­ја на др­жа­ва­та, чи­е­што име до­пол­ни­тел­но ќе се одре­ду­ва, има три фа­зи, кои етап­но ќе се во­ве­ду­ва­ат во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни. Со пр­ва­та фа­за е оп­фа­те­но во­ве­ду­ва­ње це­лос­на дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја, пред сѐ во без­бед­нос­ни­от се­ктор и во ин­сти­ту­ци­и­те, во по­ли­ци­ја­та и во ар­ми­ја­та. Во вто­ра­та фа­за е пред­ви­де­на по­дел­ба на др­жа­ва­та по фе­де­рал­ни еди­ни­ци, од­нос­но раз­ви­ва­ње на оп­шти­ни­те во „по­на­пре­ден си­стем на са­мо­у­пра­ву­ва­ње“. Тре­та­та фа­за од рас­па­дот на др­жа­ва­та е от­це­пу­ва­ње на де­ло­ви пре­ку ло­кал­ни ре­фе­рен­ду­ми на шест кан­то­ни и нив­но спо­ју­ва­ње кон со­сед­ни др­жа­ви. Да­ли и иде­ја­та за дво­ја­зич­ност на За­ев ка­ко „ин­тро“ за про­гра­ми­ра­на­та ни­за слу­чу­ва­ња не е тол­ку но­ва и да­ли те­ре­нот за ова сце­на­рио, ре­ал­но, не се под­го­тву­ва ве­ќе по­дол­го вре­ме? Во ин­терв­ју­то на „Ве­чер“ со Му­са Ља­ма­ла­ри од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра, кој го гле­да За­ев ка­ко иден пре­ми­ер, пра­шан да­ли се сог­ла­су­ва со не­го­ви­те ста­во­ви за дво­ја­зич­ност и за фе­де­ра­ли­за­ци­ја, ве­ли: – Тој ре­че де­ка са­ка Ма­ке­до­ни­ја да би­де ка­ко Швај­ца­ри­ја. Ние од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра има­ме ус­ло­ви, еден од ус­ло­ви­те е Ма­ке­до­ни­ја ка­ко др­жа­ва да го сме­ни име­то, не се проб­лем Ал­бан­ци­те. Ус­ло­вот да го сме­ни­те име­то не е са­мо од Ал­бан­ци­те, тој ус­лов е од НАТО и од Гр­ци­ја. Ако са­ка­ме да ја из­гра­ди­ме оваа др­жа­ва, тре­ба си­те да гле­да­ме во ид­ни­на­та, а не во ми­на­то­то. Ко­га збо­ру­вам за дво­ја­зич­ност и за фе­де­ра­ли­за­ци­ја пра­шу­вам: Ви пре­чи ли Ма­ке­до­ни­ја да би­де ка­ко Бел­ги­ја? Ме­не не ми пре­чи, ап­со­лут­но.

al-opstini

Да, Му­са, проб­ле­мот е што ова се­ри­оз­но им пре­чи на Ма­ке­дон­ци­те, но и на Тур­ци­те, Ср­би­те, Ро­ми­те, Бош­ња­ци­те, Егип­ќа­ни­те, Вла­си­те и на ред дру­ги. Ток­му за ова, во тек­стот нас­ло­вен ка­ко „Ние ДРУГИТЕ“, м-р Ѓу­лен Емин за „Днев­ник“ на­пи­ша: „Да­ли ли­де­рот на СДСМ при про­мо­ви­ра­ње­то на иде­ја­та за дво­ја­зич­ност ба­рем ед­наш по­мис­лил на до­сто­инс­тво­то, на на­ци­о­нал­ни­те и чо­веч­ки чув­ства на ДРУГИТЕ, кои не­ка­ко при­фа­ти­ја, ба­рем спо­ред Уста­вот, да би­дат рам­но­прав­ни гра­ѓа­ни на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а фа­ктич­ки да жи­ве­ат во би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва ка­ко гра­ѓа­ни од ТРЕТ ред би­деј­ќи пр­ви­те два ре­да се ве­ќе за­фа­те­ни. И по­крај ши­ро­ко­гра­до­ста на ДРУГИТЕ, се­пак тоа чув­ство е фру­стри­рач­ко“.

analiza222-3

Уставна какофонија во опозицијата

„За­ев знае и ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца знае де­ка Ма­ке­до­ни­ја е нај­го­лем проб­лем на Бал­ка­нот! За­тоа, За­ев ќе ја спои За­пад­на Ма­ке­до­ни­ја кон Ал­ба­ни­ја! По­ма­ла Ма­ке­до­ни­ја – по­мал проб­лем на Бал­ка­нот!“ ова е из­ја­ва­та на глав­ни­от лик од стри­пот „Црп­на­ти­те“, кои се­којд­нев­но се потс­ме­ва­ат со дејс­тву­ва­ња­та на по­ли­ти­ча­ри­те во др­жа­ва­та.

Че­сто, не по ту­ѓа ви­на, ли­де­рот на СДСМ (спо­ред кој „ри­ба­та смр­ди од опа­шка­та“ и „со си­ла на чо­век мо­жеш да му да­деш, не и да му зе­меш“) е инс­пи­ра­ци­ја за до­бар ху­мор и са­ти­ра. Не са­мо по­ра­ди не­го­ва­та ка­тад­нев­на лап­сус лин­гва ма­ѓеп­са­ност, ту­ку и по­ра­ди по­сто­ја­но­то ре­те­ри­ра­ње од ка­жа­но­то. Не са­мо кај не­го, ту­ку и во вр­ху­шка­та. За не­ко­ор­ди­ни­ра­но­ста на не­ин­вен­тив­на­та пар­ти­ја, ко­ја по во­ста­но­ве­ни­от прин­цип на Ре­сав­ска­та шко­ла се­га ко­ри­сти про­гра­ма на срп­ски­те дес­ни­чар­ски ра­ди­ка­ли „Две­ри“, а прет­ход­но упо­тре­би не­ус­пеш­на „Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја“ од БиХ, збо­ру­ва и ка­ко­фо­ни­ја­та во пар­ти­ја­та. Та­ка ве­чер­та на 24.11.2016 го­ди­на, уште пред да пад­нат во по­гу­бен тра­ор и бе­свест од на­ста­пот на Се­ба­сти­јан Курц, ли­де­рот За­ев и дес­на­та ра­ка, но­си­тел, тех­нич­ки ми­ни­стер и ге­не­ра­лен се­кре­тар Спа­сов­ски се нај­доа на со­се­ма раз­лич­на бра­но­ва дол­жи­на. До­де­ка За­ев на очај­но по­се­те­ни­от ми­тинг ги убе­ду­ва­ше те­тов­ци де­ка не­ма шан­си да се чеп­ка во Уста­вот, Спа­сов­ски на 70 ки­ло­ме­три во Ку­ма­но­во си ка­жа де­ка ќе го отво­ре­ле исти­от тој Устав, ама не за дво­ја­зич­но­ста?! Уште еден до­каз де­ка за оваа пар­ти­ја Уста­вот не е бе­де­мот што ја бра­ни др­жав­но­ста, ту­ку аморф­на ма­са, ко­ја мо­же и тре­ба да се об­ли­ку­ва спо­ред днев­ни­те по­тре­би на вр­ху­шка­та. Исто­вре­ме­но, исти­от тој За­ев во Не­го­ти­но из­ја­ви: „Но­сам жи­вот!“ Се­кој нор­ма­лен со тро­шка ху­мор во се­бе би ре­кол де­ка ли­де­рот ѝ открил на јав­но­ста де­ка е во бла­же­на со­стој­ба, од­нос­но де­ка е бре­мен. Не­воз­мож­но, би­деј­ќи не е Швар­це­не­гер, иа­ко по­ра­ди гла­со­ви ни­ту ова дејс­тво не се иск­лу­чу­ва. Проб­ле­мот е во фрој­дов­ски­от комп­лекс и што тој не е бре­мен, ту­ку обре­ме­нет со си­те ан­ти­на­ци­о­нал­ни и ан­ти­др­жав­ни глу­по­сти што ги спро­ве­де во ми­на­ти­от пер­и­од. На­стра­на, го­ле­ми­на­та и рас­те­ње­то на бре­ме­то го ди­кти­ра раз­вр­ска­та што сле­ду­ва за са­мо не­кол­ку де­на, а си­те од­на­пред го зна­ат ре­зул­та­тот. Да, ќе би­де ма­шко, Ма­ке­до­нец со не­ко­пи­ра­на про­гра­ма и со јас­ни на­ци­о­нал­ни ста­во­ви…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 222. број на неделникот „Република“, 2.12.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top