Парите и славата кои ги носи животот на славните фудбалери често знае да биде карта за „пропаст“ во поодминатите години од животот. Кени Сансон, 54-годишен поранешен англиски фудбалер, моментално мака мачи со два порока од кои никако не може да се откаже – коцката и алкохолот.
Поранешната ѕвезда на Арсенал во исповед за таблоидот „Сан“ признал дека има сериозни проблеми.
– Бездомник сум скоро еден месец, а тоа е така затоа што немам скршен денар. И не само тоа, алкохолочар сум и коцкар, а здравјето ми е нарушено. Живеам на улици и спијам по клупи и паркови. Мојот живот е пекол, изјавил поранешниот фудбалер.
– Јас сум непоправлив пијаница, пијам секој денар до кој едвај ќе дојдам го трошам на алкохол. Едноставно јас сум пропалица од човек. Луѓето од Арсенал се обидуваат да ми помогнат, но јас сум си самиот на себе најголем непријател, признал Сансон.
Сансон е легенда на Арсенал и играше на позициајта лев бек. За англиската репрезентација запиша дури 86 настапи, што е втор најголем број на настапи за Гордиот Албион кога се во прашање бековите. Од терените се повлече во 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.