Многумина ќе ме осудите за овој текст и мојата изјава, но морам да го кажам она што го знам. Сите ги трогна приказната за жената која изнемоштено седеше во автобус и доби патики од случаен минувач, кој со својата хуманост и емпатија го разнежни целиот Балкан. Сепак, ви тврдам, приказната не е таква каква што мислите дека е.
Ова го изјавува жена од Србија која додава дека никогаш не би и дала ништо на жената и тоа од една причина, бидејќи според неа била измамничка.
– Секоја минута ја користам за да заработам, со години работам, се трудам, и сега ќе прашате, па добро што има тоа врска со патиките и добрината, но еве што е тајната. Работев на една презентација кај еден киоск, беше 10 степени под нулата, а јас морав да се смешкам во тоалета. Тоа го правам за 1.500 динари. Потоа од автобус излегува жената, искривена, расплакана и изнемоштена. Вади куп пари, повеќе од она што јас со труд на минус десет го заработив тој ден. Купува пиво и цигари и продолжува. Крева глава, влегува во друг автобус и повторно изнемоштена проси, вели жената.
Ја видов со завои на рацете, па слика со болно дете, па сега шета без тоа и проси, таа е измамничка, вели жената, пренесуваат српските портали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.