Ова е последен Божик на семејството Обама во Белата куќа, а Мишел Обама, повторно ги отвори вратите за децата на американските војници кои ѝ помогнаа при украсувањето на најголем дел од собите.

Темата оваа година е „Подарокот на празниците“ со што семејството Обама сака да ја пренесе прекрасната порака на подарување и добивање, заедно со подароците како семејството, пријателите, доброто здравје и образованието.

За украсувањето на Белата куќа биле употребени повеќе од 300 макети од слатки куќички, многу елки, огромен број лампиони и светилки, како и други украси и подароци кои изгледаат магично.

Покрај децата, оваа година повеќе од 90 волонтери помогнаа да се украси Белата куќа почнувајќи од Денот на благодарноста па сѐ до денеска.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


