| четврток, 6 декември 2018 |

Да ги најдеме најбараните криминалци во ЕУ до Божик: Европол нуди 2900 евра за Тибор Фоко (ВИДЕО)

Оваа година Европол претставува своја верзија на електронски божикен календар, на кој се ликовите на најбараните криминалци во Европа.

– Од 1 декември, па во наредните 23 дена, секојдневно ќе објавуваме по еден бегалец од некоја од членките на Европската унија. Се работи за сторители на сериозни кривични дела, како што се убиства, тероризам, киднапирања, силувања и шверц на дрога. Дневно по еден лик на криминалец кој моментно е во бегство ќе биде објавуван на „Фејсбук“ и на „Твитер“ -изјави вчера портпаролот на Европол, Џералд Хестер.

Денеска ќе биде објавена фотографија на Тибор Фоко (60) од Австрија, кој е осуден и се бара за убиство на проститутка во 1986 година. Тој побегнал од затвор во 1995, а наградата за информација што би помогнала за негово повторно апсење, изнесува 2.900 евра.

– Се надеваме дека на 24 декември ќе им дадеме убав подарок на луѓето, така што ќе фатиме некои од овие криминалци – рече Хестер.

Од 1 јануари, па досега, со објавувањето на потерниците и на социјалните мрежи, се уапсени вкупно 24 бегалци-затвореници.

Тибор Фоко можете да го видите на ЛИНКОТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top