| четврток, 6 декември 2018 |

Го видовте ли календарот на згодните австралиски пожарникари за 2018 година?

Жешки разголени пожарникари и бебиња животни, па која жена би можела да одолее?

Пожарникарите работат една од најтешките и најстрашните работи на светот, но секогаш докажуваат дека имаат нежни срца.

Кога не се борат со огнот и не спасуваат животи, тие се посветени татковци, сопрузи и луѓе кои сакаат да се милуваат со мали животинчиња.

Доказ за ова е календарот за 2018-та година на австралиските пожарникари.

Календарот, кој започна да излегува пред 25 години и има собрано над 2 милиони долари за најразлични хумантирани цели, годинава избра 12 најсекси пожарникари од цела Австралија.

Тие ги красат страниците со своите разголени фит тела, но годинава најголеми ѕвезди се малите животни кои позираат со нив.

Фотосесијата за календарот се правеше во австралиска зоолошка градина цели 17 дена.

Фотографиите погледнете ги тука.

извор: Црнобело.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top