Една жена загина, а пет други лица се повредени претпладнево при експлозија по која избувнал пожар во ресторан за брза храна на плоштадот Викторија во центарот на Атина.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во гаснењето на пожарот учествуваат 20 пожарникари со осум противпожарни возила.
Полицијата го блокираше реонот околу местото на експлозијата, која предизвика оштетување на околните продавници и куќи, како и на паркираните автомобили и мотоцикли.
Експлозијата, најверојатно, претставува несреќен случај, предизвикан од истекување пропан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.