Парламентот на Азербејџан ги усвои амандманите на законот со кој за клеветење на претседателот на интернет се смета за кривично дело кое е казниво со затвор.
Парламентот ги усвои амандманите со кои се предвидува парична казна од 860 долари и затворска казна до три години поради клевета на сметка на претседателот на интернет. Ова се однесува и на коментарите под лажно име и лажен профил.
Клеветата на интернет пред три години е прогласена за кривично дело во Азербејџан, но со тој закн не се споменувал претседателот, потсетува агенцијата „Ројтерс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.