| четврток, 6 декември 2018 |

Шундовски загуби во трката за селектор на Црна Гора

zvonko-sundovski

Звонко Шундовски загуби во трката за селектор на Црна Гора, место кое ќе го пополни Драган Ѓукиќ. Поранешниот селектор на Македонија беше едно од неколкуте имиња кои специјализираниот портал за ракомет„handballme.me“ ги стави на листата за потенцијални нови предводници на националниот состав на Црна Гора откако се испразни селекторското столче по заминувањето на Обрадовиќ.

Главен фаворит за наследување на диригентската палка беше Ѓукиќ, а синоќа доби поддршка од Управниот одбор на црногорската ракометна федерација. Ѓукиќ, кој е и поранешен тренер на Вардар досега ги водеше и Црвена звезда, Металопластика, ЖРК Напредок, Мадеира, Пик Сегед, а од изминатово лето и Макаби. На репрезентативно ниво, своевремено ја водеше и македонската репрезентација, потоа Швајцарија, Велика Британија и Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top