Четири лица се здобиле со телесни повреди во 11 сообраќајни незгоди, кои се случиле вчера на подрачјето на Град Скопје. Од нив шест со последици материјална штета, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во една незгода во автобус едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а еден патник со полесни повреди.
Сообраќајната полиција санкционирала седум возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца кои не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, исто толку возачи поминале на црвена светлина на семафорот, 11 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани. Санкционирани се 17 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се 16 возила.
Во рамките на превентивните активности денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе одржи едукативна работилница во автобус на ЈСП со учениците од III одделение од О.У„ Његош“ општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила