Политичките партии денеска, на единаесеттиот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори, ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Демир Хисар и Битола.
Предизборниот карван на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе биде во Пробиштип и Штип.
Демократската партија на Албанците ќе одржи митинг во Матејче, Коалицијата за промени и правда ќе одржи митинг во Кочани, а Алијансата за Албанците ќе одржи митинзи во Брвеница и во Желино.
Изборната кампања почна на 21 ноември и ќе трае 20 дена, до 9 декември на полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.