1135.- Умре англискиот крал Хенри I, помладиот син на Вилијам I Освојувачот. Во текот на владеењето (од 1100 година), ја зацврстува кралската власт, а во 1106 година ја освоил Нормандија и ја припоил кон Англија.
1455.- Умре италијанскиот вајар Лоренцо Гиберти, познат по изработката на вратите на крстителната катедрала во Фиренца. На конкурсот во 1401 година во силна конкуренција му е доверена изработката на други врати во црквата, кои ги заврши во 1424 година, а од 1425 до 1453 година ја изработил третата врата, наречена „врата на рајот“, кај која на нов начин го решил проблемот со просторот. Изработил и повеќе скулптури во Фиренца и Сиена, вклучувајќи го и релјефот за катедралата во Сиена.
1516.- Во Рим умрел Џовани Белини, голем италијански сликар, најзначаен од тројцата браќа (Јакопо, Џентиле, Џовани). Сликал композиции и портрети, им бил учител на Џорџене и Тицијан и бил еден од основачите на Венецијанската сликарска школа во италијанската ренесанса. Роден бил во 1430 година.
1603.- Во Лондон умре Вилијам Гилберт, англиски научник – лекар и физичар. Особено се занимавал со испитувањето на магнезиумот и електрицитетот и вовел повеќе поими и изрази за магнетите и за електричните големини. Неговото класично дело “Де магнете” (1600) претставува прво големо научно дело објавено во Англија. Називот “Гилберт” и е даден на единицата на магнетомоторните сили. Роден е во 1540 година.
1640.- Португалија по востанието со кое е отфрлена шпанската власт повторно се стекна со независност, а две недели подоцна војводата од Браганц е крунисан за португалски крал под името Жоао IV. Шпанија независноста на Португалија ја призна дури во 1668 година.
1813.- Русија, Прусија и Австрија се согласија да извршат инвазија врз Франција, бидејќи Наполеон одговори неопределено за мировните услови поставени од страна на сојузниците.
1821.- Независност од Шпанија прогласи и Доминиканската Република, територија која го зафаќа источниот дел од карипскиот остров Хаити, тогаш познат како Хиспањола.
1825.- Умре рускиот цар Александар I Петрович Романов. По стапувањето на престолот во 1801 година започна со серијата либерални реформи, а во текот на неговото владеење Русија значително ја прошири својата територија.
1885.- Во Викли, Франција, е роден Алберт Лондрес, француски писател и новинар, еден од најпознатите воени известувачи. Соработувал во весниците „Матине“, „Петтиот журнал“, „Ексцејлор“, „Квотидиен“, „Петтиот Паризиен“ и во други. Бил известувач од Првата балканска војна и од Првата светска војна. Како новинар напишал повеќе од 800 написи од сите области.
1896.- Роден е Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководел со разгромот на германската офанзива на Москва. Руските (советски) трупи под негова команда го зазедоа Берлин, во мај 1945 година. Напишал мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Умрел во Москва, на 18 јуни 1974 година.
1906.- Во Париз е отворено киното „Omnija Pate“, познато во светот како прва сала наменски изработена за прикажување филмови.
1918.- Во градот Алба Јулија, народот од Трансилванија, претставен од делегации од сите места, прокламира обединување на Трансилванија со Романија. Со овој историски акт е заокружен процесот на националното обединување на романскиот народ.
1918.- Со одлука на данското собрание Исланд се стекна со независност.
1918.- Во Белград регентот Александар Караѓорѓевиќ го прогласи обединувањето и создавањето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
1934.- Во Ленинград е убиен членот на Политбирото и секретар на Централниот комитет на Советската комунистичка партија Сергеј Миронович Киров. По убиството на Киров, Сталин започна со бранот чистки и до 1938 година физички ликвидира повеќе стари револуционери, водачи на Октомвриската револуција.
1935.- Роден е американскиот филмски актер и режисер Ален Стјуарт Кенигсберг, познат како Вуди Ален, обновувач на холивудската филмска комедија во седумдесеттите години од 20. век. Филмови: „Земи ги парите и бегај“, „Се што отсекогаш сте сакале да знаете за сексот но не сте се осудиле да прашате“, „Љубов и војна“, „Ени Хол“, „Менхетен“, „Ентериери“, „Сонот на летната ноќ“.
1936.- Умре италијанскиот писател Луиџи Пирандело, добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година, еден од најзначајните драмски писатели во 20. век. Напиша 33 драми, собрани под насловот „Голи маски“. Дела: „Приказни за една година“, „Покојниот Матија Паскал“, „Нејзиниот сопруг“, „Ѓакомино“, „Хенри IV“, „Шест лица го бараат писателот“.
1943.- Во Дебарца излезе првиот број на весникот “Братство”, орган на Првата македонско-косовска НОУ бригада.
1987.- Во Скопје, умрел Андон Димитровски – Петко, првоборец и носител на “Партизанска споменица 1941”. По ослободувањето работел во органите за внатрешни работи. Роден е во Крушево, во 1922 година.
1988.- Беназир Буто стана премиер на Пакистан, како прва жена на чело на една исламска земја. Родена е на 21 јуни 1953 година, ќерка на поранешниот претседател на Пакистан Зулфиќар Али Буто.
1989.- Михаил Горбачов како прв советски лидер го посети Ватикан и со папата Јован Павле II договорија да се воспостават дипломатски односи меѓу Советскиот Сојуз и Ватикан.
1991.- На референдум во советската република Украина граѓаните со големо мнозинство се изјаснија за независност.
1994.- Во Бордо, Франција, на 21. Генерално собрание на Светската федерација на воени ветерани, што се одржа од 1 до 6 декември, Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија е примен за полноправен член.
1995.- Хавиер Солана, е избран за генерален секретар на Атлантската алијанса. Во Брисел, амбасадорите на НАТО, постигнаа договор за назначување на Солана, како наследник на Вили Клас.
2005.- Еден од петтемина главни команданти на меѓународната терористичка мрежа Ал Каида, Египјанецот Абу Хамза Раби, е убиен во Северен Вазиристан, област во Пакистан во близина на границата со Авганистан.
2006.- Повеќе од илјада луѓе загинаа, околу 500 беа повредени, а околу 600 се водат за исчезнати, во налетот на тајфунот кој ги погоди источните делови на Филипини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Tепачката на Бед блу бојс и Делии на „Максимир“ го означи распадот на СФРЈ (ВИДЕО)
-
Смилевски конгрес: Смрт или слобода за Македонија
-
Смртта е последна кога нема слобода: Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши
-
На денешен ден роден е Кирк Даглас, а Чаушеску стана претседател на Романија