Трансродовата пејачка Фифи која веќе извесен период живее во Шведска е вљубена до уши!
Нејзината избраничка е Швеѓанка, заедно се веќе неколку месеци и секојдневно објавувааат нови фотографии на кои позираат во прегратка.
Освен што и цветаат рози на љубовен план, Фифи во моментов е подложена и на хормонска терапија и наскоро ќе го промени и полот.
Полека, но сигурно ја почнувам транзицијата и едвај чекам да направам операција за промена на полот, затоа што тоа е моментот кога ќе почнам потполно да го живеам мојот живот без никакви ограничувања. Се чувствувам и се однесувам како жена, а се ближи моментот кога тоа и ќе бидам. Сите хормонски терапии засега поминаа добро и моето тело е спремно за нов почеток, изјави Фифи за Вечер откако почна со терапиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.