Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција „За подобра Македонија“, Никола Груевски од вечерашниот митинг во Кочани обзнани дека последниве денови СДСМ здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали договорале полнење на кутии на изборите на 11-ти декември.
-Исто така дознавам дека во последните денови размислувале и заговарале и други идеи. Здружувајќи се со некои подземни структури особено кај албанските радикали, кај порадикалните структури на Албанците во Македонија, разговарале за некакво полнење кутии, заедничко, договорено, незнам какво. Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски