
Германскиот политичар, претседател на Европската народна партија во Советот на Европа, Аксел Фишер предмалку се обрати на присутните на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Виница и безрезервно го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Никола Груевски.
– Денеска дојдов од Германија за да ги подджам моите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ. Во последните години заедно со пријателите од ВМРО-ДПМНЕ работевме многу добро заедно. Успеавме да решиме многу политички проблеми. Во време кога Европа се соочува со бројни предизвици како тероризам, бегалски бранови, владата под водство на ВМРО-ДПМНЕ покажа особена посветеност и делуваше како важен партнер во решавањето на кризите. Македноија е земја која активно и ефективно се заложуваше во остварување на заедничките цели и затоа Никола Груевски ја има мојата полна поддршка. Тој покажа и докажа дека оваа Влада може многу успешно да ја води оваа држава. Груевски се покажа како голем водач и се радувам и сум сигурен дека понатака ќе работиме заедно за Македонија уште повеќе да се доближи до ЕУ и НАТО, истакна Фишер во своето обраќање во Виница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


