| четврток, 6 декември 2018 |

Рајски остров бара луѓе – кој ќе се пресели таму добива и работа и земја!

ostrov

Кејп Бретон е мал остров на истокот на Нова Шкотска во Канада. Малото  парче рај сака да се прошири и напредува и ги има сите потребни ресурси за тоа, освен луѓе.

ostrov2

Овој преубав остров е единствен поради недопрената природа и незагадената околина. Идеално е за семејства со деца, а на него се наоѓаат и црква, како и сѐ друго што е потребно за живот.

На островот во моментов живеат 150.000 луѓе, но бројот постојано се намалува. Одливот на населението е последица на фактот дека тамошните власти го забраниле развојот на корпоративниот сектор, а го поттикнуваат зачувувањето на околината.

ostrov3

 На островот се вработени речиси сите работоспособни жители, па сопствениците на продавниците, работници бараат преку „Фејсбук“.
ostrov4

 

Ако имате волја да ги спакувате коферите и да тргнете во Кејп Бретон, добра вест е дека за таму ви се потребни само две хартии. Според тамошните закони, за да добиете работа, потребни ви се покана од канадскиот работодавец и работна дозвола која се издава по добивањето на привремената работа виза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top