Животниот пат на секоја личност, освен од другите околности, е трасиран и од годишното време во кое таа личност е родена, барем така велат експертите.
Што е карактеристично за луѓето родени во зима?
Зимата „носи“ талентирани, длабоки луѓе, кои истовремено се тврдоглави, горделиви, но и противречни. Велат дека е тешко да ги збуните и не се штедат кога сакаат нешто да постигнат. Тие обично се добри раководители, а често се одлични и во егзактните науки. Работат на места на кои е потребна силна волја, издржливост и истрајност.
Каков им е приватниот живот?
За разлика од јавниот живот, во приватниот живот се среќаваат со потешкотии. Не им е лесно да живеат во семејство затоа што имаат заповеднички карактер и се расправаат за секакви ситници. Мажите имаат тврд карактер и не сакаат да се потчинуваат. Непредвидливи се во своите постапки, а понекогаш се агресивни поради што и самите можат да настрадаат. Кога ќе се напијат сакаат да се расправаат. Од друга страна, кај жените се појавува комплексен карактер во кој е изразена храброста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.