| четврток, 6 декември 2018 |

Будимпешта ќе се кандидира за организација на ЛОИ 2024 без изјаснување не граѓаните

budimpesta

Градот Будимпешта е еден од кандидатите за добивање на Летните Олимписки игри во 2024 година, но нивната кандидатура се соочува со противници, кои бараа и одржување на референдум. Сепак последните информации се дека противниците на големиот настан се откажале од идејата за организирање на референдум.

Противниците за одржување на игрите во главниот град на Унгарија изјавуваат дека настанот би бил прескап, а постои и голем ризик од високо ниво на корупција. Според некои проценки во јавноста се изнесуваат суми од 3,6 милијарди долари, колку што би биле потребни за нивно организирање.

Покрај Будимпешта, кандидати за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година се и Лос Анџелес и Париз. Одлуката за тоа каде ќе се одржат игрите, меѓународниот олимписки комитет ќе ја донесе во септември наредната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top