Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ Никола Груевски кој е носител на изборната листа за пратеници во Изборната единица 4 денеска ќе ги посети населените места Куклиш и Банско каде пред локалните жители ќе зборува за Изборната програма “Реално“ и проектите предвидени за реализација.
Груевски денеска во Струмица засади дрвце во рамки на акцијата „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“.
– Во оваа 17 акција по ред ќе бидат заседени 2,6 милиони дрвца. Досега во претходно спроведените беа засадени 35 милиони садници. Ова е многу благородна акција бидејќи придонесува за заштита на животната средина и за збогатување на шумскиот фонд на државата. Иако фокусот овој пат на акцијата е Скопје, во оваа акција ќе бидат опфатени и повеќе други населени места во државата – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Актерите од „Забрането смеење“: Публиката да се впушти во една театарска авантура