Нешто повеќе од 24 часа по страшната несреќа во близина на Меделин се откриваат се повеќе детали околу падот на авионот и акцијата со која беа спасени шест човечки животи. Првиот фудбалер што беше изваден од урнатините беше Алан Рушел, а најзаслужно за неговото спасување е десетгодишно дете чие име засега не се објавува во јавноста. Ова дете прво дошло до местото на несреќата и при пристигнувањето на спасувачките служби ги упатило одговорните токму на местото каде го видело Рушел како се обидува да излезе од урнатините.
– Ние ги паркиравме камионите при самото пристигнување кога од никаде се појави едно дете. Ни кажа дека има преживеани кои се обидуваат да излезат. Полицаецот што беше со нас ни нареди да го земеме детето со нас да ни покаже точно каде се тие лица, по што тоа не однесе до Алан Рушел. Фудбалерот беше тешко повреден, имаше скршеница на колкот и цело време зборуваше како сака да се чуе со своето семејство – изјави еден од спасувачите кои меѓу првите пристигнале на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска