| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: 63 пратеници е најсилната гаранција дека кризата нема да продолжи

Сите луѓе се во исчекување да завршат изборите и политичката крза, сите сакаат крај на кризата и политичка стабилност. Завршување на кризата е условено од добивање на 63 пратенички места, тоа е најсилната гаранција дека кризата нема да продолжи, дека ќе дојде крај на кризата и на сите обиди на Зоран Заев, СДСМ и сценаристите да престанат да и го прават тоа на Македонија, порача вечерва од Тетово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ 4, Никола Груевски.

Тој додаде дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и дека истата е изработена со сиот минат труд, со многу проекти и со голема посветеност од страна.

-Таа победа е изработена со сите проекти и дела кои ги ветивме и кои ги реализиравме и исполнивме, го одржавме дадениот збор. Изработена е со над 160.000 новоотоврени работни места, со трендот на намалување на невработеноста и континуираното отворање на нови работни места. Таа победа доаѓа и од квалитетот и реалноста на новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, од над 500 страници долго подготвувани, обмислени, реални проекти, со рокови за нов наредок на сите граѓани во Република Македонија, истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со распродажба на државните и национални интереси на Македонија СДСМ и Заев нема ќе се доберат до власт.

-Да престанат да веруваат дека премиер може да те намести некој од надвор, затоа што во секој држава во Европа, во секоја демократска држава се станува премиер ако народот те избере за премиер, а не да чекаш некој од надвор, или како што вика тој од горе, да те донесе за премиер. СДСМ ќе претрпи 10-ти по ред пораз, затоа што го потценуваат народот со лажни и нереални ветувања, вели Груевски.

Тој додава дека враќањето на 15% од ДДВ на граѓаните, односно 500 евра е нереален и лажен проект.

-За да се дојде до 500 евра треба секој да потроши месечно по најмалку 2000 евра, па кој во оваа држава троши по 2.000 евра месечно. Зошто си игра мајтап со нашиот народ, зошто го потценува. Во минатото повеќето од работи од стоки и услуги беа на 18 посто данок, ВМРО-ДПМНЕ ги донесе на 5 отсто. Заев ако искрено планираше тоа да го прави ќе го направеше тоа во Струмица, зошто во овој период кога е таму на власт 11,5 години не им вратил 15 посто од изворните приходи на граѓаните, за да му поверуваме дека ќе враќа 15% од износот кој граѓанинот го плаќа. Истата нереалност и потценување кон граѓаните се гледа и преку други нереални ветувања. Ветува кога ќе дојде СДСМ на власт ќе донесе фабрики, ќе се вработат луѓе. Кој да му верува на тој човек кога таму кај што е на власт нема една фабрика донесено. Ги лажеше струмичани дека ќе направел индустриска зона и ќе се вработеле 6000-7000 луѓе. Таму има ливада на која пасат крави и овци, фабрика нема, не можете да видите. Кога ви вели дека тој ќе ги вработи сите и ќе отвори фабрики како да му верувате кога во Струмица ниту една нема отворено, истакна Груевски кој додаде дека народот е мудар и никој не може да го потценува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top