| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за атентат на филипинскиот претседател Дутерте, има загинати

rodrigo-duterte-obid-atentat-02
Телохранителите на филипинскиот претседател Родриго Дутерте биле нападнати пред неговата посета на градот Марави, кој се наоѓа на југот на земјата, меѓутоа претседателот нема да ја откаже посетата.

Најмалку седум лица од тимот на обезбедувањето на претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, биле повредени во напад на исламистите, пренесуваат денес агенциите.

Нападот се случил пред посетата на Дутерте на подрачјето кое е бојно поле на исламистите и владините сили.

Нападот бил извршен со експлозивна направа која била поставена на патот низ кој минувала колоната возила кон градот Маравија, наведуваат агенциите.

-Камионот во кој се наоѓала безбедносната придружба на претседателот била напад на импровизирана експлозивна направа. Немало вооружени борби, навеле безбедносните службеници.

Повредените биле префрлени во болница, во конвојот се наоѓале и членови на медиумскиот тим на претседателот на Филипините, но тие не се повредени.

Министерството за безбедност апелирало до Дутерте да ја одложи посетата, но тој го отфрлил тоа барање и рекол дека ќе влезе во Марави и тоа по истиот пат по кој се движел нападнатиот конвој.

Телохранителите на филипинскиот претседател Родриго Дутерте биле нападнати пред неговата посета на градот Марави, кој се наоѓа на југот на земјата, меѓутоа претседателот нема да ја откаже посетата, наведува АФП.

-Моите телохранители кои долетале на југот биле нападнати. Службата за безбедност настрадала во експлозија на бомба, рекол Дутерте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top