| четврток, 6 декември 2018 |

Есма Реџепова во болница

Есма Реџепова, македонската пејачка и кралицата на ромската музика е во болница, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Есма била примена во тешка состојба, а лекарите се обидуваат да ја стабилизираат, пишува порталот.

Есма е прогласена за Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top