Нoќва во 3.30 часот во ЕИК-Скопје, Д.С. (29) пријавил дека во 00.30 часот на бул.„Александар Македонски“ додека се движел пеш со неговите пријатели, откако пристигнале на паркингот каде што биле паркирани нивните возила забележале две возила, од кои излегле неколку непознати лица.
Кон Д.С. тргнале три лица од кои едното имало метален предмет во раката, при што почнале да го удираат во пределот на главата и телото по што избегал од местото на настанот и побарал лекарска помош во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.
Меѓу напаѓачите бил забележан А.В.
За време на целиот настан истиот забележал дека лицата физички ги нападнале и неговите пријатели, но не бил во можност поединечно да забележи кој од нив бил удрен, по што истите се разбегале во различни правци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.