Две девојки на возраст од 19 и од 22 години повредени во сообраќајната несреќа на патот Штип-Радовиш што се случи во 17.50 часот меѓу автобус на „Струмица експрес“ и патничко моторно возило се донесени во Штипската клиничка болница.
Пациентките, како што изјави дежурниот лекар Методи Илиев, се надвор од животна опасност. Тие со возило на итната медицинска помош од Радовиш околу 19 часот се донесени во Штипската болница каде што им се санирани повредите и се пуштени на домашно лекување.
– Двете пациентки беа со телесни повреди. По направените испитувања кај едната се утврди дека има набиеници, односно дисторзија на вратот. Дадена ѝ е терапија и пуштена е на домашно лекување. Втората беше со рани на долната усна и со набиеници на главата. Повредата ѝ е санирна и, исто така, е пуштена на домашно лекување – изјави Илиев.
Тој додаде дека пациентите биле од Струмица и биле повредени како патнички во автобусот. Други пациенти од сообраќајната несреќа не се примени во Штипската клиничка болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.