| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалец од Сомалија одговорен за пукотниците низ Универзитетот во Охајо

Осомничениот, кој денеска пукаше и повреди најмалку девет лица на Универзитетот Охајо, убиен е, а по потекло беше од Сомалија, јавија американските медиуми.

Напаѓачот бил на 20-годишна возраст и бил бегалец од Сомалија, а илегално претстојувал во САД.

Едно лице од повредените е во критична здраствена состојба, а најмалку четворица имаат прострелни рани.

Инцидентот почна кога во осум часот и 30 минути по локално време биле повикани пожарникарите поради истекување на хлор во една од универзитетските згради.

Државниот универзитет Охајо, еден од најголемите во САД, се наоѓа во градот Колумбос и има над 65.000 студенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top