Новата програма на ВМРО-ДПМНЕ значи подобар и поквалитетен живот на сите граѓани на Република Македонија, се обрати кандидатот за пратеник Ѓорѓи Коџобашиев пред своите сограѓани на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кој се одржува во Велес.
Коџобашиев ја претстави програмата на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека проектите кои што се наоѓаат во програмата се производ на континуираните средби со граѓаните односно во програмата „Реално“ се наоѓаат барањата на граѓаните.
Коџобашиев ги повика велешани на 11 декември масовно да излезат и да покажат дека Македонците немаат резервна држава и дека ќе ја бранат од било кого.
Исто така, нагласи дека на граѓаните им требаат одговорни политичари кои што работат за народот, а не луѓе кои што се пазарат со националните интереси на државата и креираат хаос само за да дојдат на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.